Бруклин Нетс го совлада Бостон Селтикс со 112-107 во првиот натпревар сезонава кој се играше на „Црниот петок“.
Домаќините на овој меч и без своите две први ѕвезди Кевин Дурант и Кајри Ирвинг го контролираа мечот и заслужено стигнаа до нова победа. Динвиди со 32 поени беше предводник во победничкиот табор, во кој Принс уфрли 16, Ален 14, а Харис и Темпле по 12 поени.
Кај Селтикс прво име беше Џејсон Тејтум со 26 поени, додека Кемба Вокер уфрли 17.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА