Ова се нашите предлози за типување за денешниот ден…
СИНГЛ НА ДЕНОТ
Барселона – Реал Мадрид 1 и 3+
Барса има несекојдневна можност, токму со триумф над Реал Мадрид да ја прослави новата шампионска титула во Ла Лига. Каталонците се наоѓаат во топ-форма и по повредата на Јамал, додека во таборот на Реал владее апсолутен хаос што кулминираше со тепачката меѓу Валверде и Чуамени.
Валверде поради повредата на главната нема да може да настапи денеска, речиси сигурно „во аут“ ќе биде и Мбапе, во одбраната ќе го нема ниту Милитао… Барса има потенцијал да ги искористи сите овие проблеми на лутиот ривал, се очекува ефикасен фудбал, па затоа наш предлог е победа на каталонскиот гигант и најмалку три постигнати погодоци на „Камп Ноу“.
ТИКЕТ НА ДЕНОТ
Вест Хем – Арсенал 2 и 2+
Барнли – А. Вила 2
Кремонезе – Пиза 1
Феенорд – АЗ Алкмар 1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
