Флорентино Перез ќе седи дома, не доаѓа во Барселона на „Ел Класико“

Флорентино Перез реши да не ја испочитува традицијата како прв човек на  Реал Мадрид да се најде во ложата на „Камп ноу“ за големото дерби со Барселона што е на програмата вечерва.

Претседателите на лутите ривали традиционално го следат секој дерби дуел во првиот ред од свечената ложа, но Флорентино овојпат реши да остане дома во Мадрид, наместо да отпатува во каталонската престолнина.

Причината е јасна, Реал се наоѓа во катастрофална форма, „кралевите“ две години по ред не освојуваат ниту еден трофеј, а згора на тоа Барса со триумф вечерва би ја осигурала титулата, па претседателот на мадридскиот гигант не сака во живо да ја следи прославата на лутиот ривал.

Покрај Перез, во Барселона не отпатува ниту директорот Емилио Бутрагењо, па претставник на Реал на денешното „Ел Класико“ ќе биде почесниот претседател Пири.

Се вчитува...