Дефанзивниот бек на Аризона Кардиналс, Џош Шоу, суспендиран е до крајот од следната сезона поради обложување на натпреварите од НФЛ. Како што стои во соопштението од лигата 27-годишниот играч во повеќе наврати се обложувал на натпревари од американскиот фудбал што е казниво во лигата. Истрагата не покажала дека Шоу користел инсајдерски информации или дека на било кој начин влијаел на резултатите. Исто така нема докази дека некој од неговите соиграчи или тренери биле инволвирани во случајот.
„Ако работите во НФЛ во било какво својство, не можете да се обложувате на НФЛ натпревари“ – вели во дел од изјавата, комесарот за натпреварување, Роџер Гудел.
Шоу има право да поднесе барање да се врати на работа по 15. февруари 2021 година. Тој во тимот на Арзона дојде пред почетокот на оваа сезона од Тампа Беј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА