КФСМ и Специјалната Олимпијада ја одбележаа европската кошаркарска недела со настан кој ја поттикнува свеста кај граѓаните за што поголема инклузија на лицата со попреченост.
Во спортската сала „Кале“ КФСМ и Специјалната Олимпијада одржаа турнир помеѓу екипи кои играа unified 3х3 баскет. Партнери на екипите беа кошаркари и кошаркарки кои долго време соработуваат со Специјалната Олимпијада, најдобриот македонски баскетџија Ервин Цого, еден од најдобрите европски баскетџии Данило Мијатовиќ, како и претседателот на КФСМ, Перо Антиќ.
Воедно, во рамки на оваа недела на европската кошарка се одбележува и меѓународниот ден за лица со попреченост, 3. декември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА