И Дончиќ е „само човек“…, Лејкерси со најдобар старт на сезоната во последните 10 години (ВИДЕО)

Далас пред своите навивачи славееше против Минесота со 121-114 во еден од синоќешните десет натпревари од НБА лигата, во кој изостана спектакуларниот ефект од Лука Дончиќ, на кој самиот ја навикна светската кошаркарска јавност.

Словенецот првпат по подолго време не беше најефикасен во својот тим, завршувајќи го мечот со 22 поени, седум асистенции и шест скокови. Двајт Пауел мечот го заврши со 24 поени а Кристапс Порзингис запиша 19 поени.

ЛА Лејкерси ја имаат најдолгата победничка низа на стартот на една сезона во последниве десет години, овој пат славејќи против Јута со 121-96. Ова за Лејкерси е најдобар старт на сезоната уште од 2008/2009 кога беа предводени од Коби Брајант.

Ентони Дејвис постигна 26 поени, а Леброн Џејмс го следеше со 20 поени и 12 асистенции. „Дабл-дабл“ ефект имаше и Рондо со 14 поени, 12 асистенции и 9 скока. Кај Јута најдобар беше Донован Мичел со 29 постигнати поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Милвоки 103-127

Шарлот – Голден Стејт 106-91

Орландо – Феникс 128-114

Атланта – Бруклин 118-130

Бостон – Мајами 112-93

Чикаго – Мемфис 106-99

Оклахома – Индијана 100-107

Далас – Минесота 121-114

Јута – Лејкерси 96-121

Портланд – Сакраменто 127-116

Се вчитува...