Ѓоковиќ и Федерер не се во добри односи, тоа сите го знаат…

Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер не се во добри односи, тврди поранешниот британски тенисер Грег Руседски. Федерер на завршниот турнир во Лондон го совлада Ѓоковиќ во последното коло од групната фаза и го елиминираше српскиот тенисер од турнирот. Воедно, на тој начин Ѓоковиќ остана без било каква шанса до крајот на годината да се избори за првото место на АТП листата.

„Тие двајца не се во добри односи. На Федерер му беше мило што успеа да го спречи Ѓоковиќ во походот по првото место на АТП листата. Сите говореа дека Новак ќе победи, но Федерер покажа зошто е голем тенисер. Таквите никогаш не смееш да ги потцениш“, изјави Руседски. 

Тоа беше 49 натпревар меѓу двајцата тенисери, на кој Федерер ја запиша 23 победа. Истовремено тоа беше прва победа за швајцарскиот ас против Ѓоковиќ од 2015 година.

Се вчитува...