Првиот рекет на светот, Рафаел Надал го декласираше Карен Хачанов со убедливи 2-0 по сетови (6-1 и 6-3) во вториот полуфинален меч на егзибицискиот турнир во Абу Даби. Шпанецот фуриозно го отвори мечот добивајќи го првиот сет со убедливи 6-1.
Во вториот сет продолжи одличната игра на Надал кој рутински стигна до конечен триумф. Во финалето Надал ќе игра против Гркот, Стефанос Циципас кој во првото полфуинале го изненади Новак Ѓоковиќ.
Претходно денеска се одигра и натпреварот за петтото место во кој Рубљов беше подобар од Чунг со 2-0 (7-6 и 7-6).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА