Шарапова доби вајлд-карта за учество на Австралија опен

Поранешната прва тенисерка во светот, Марија Шарапова ќе добие специјална покана за учество на првиот грен-слем во сезоната, Австралија опен, соопшти организаторот. Шампионката од Мелбурн од 2008 година, во моментов е 147. тенисерка на ВТА листата.

„Неверојатно е што повторно ќе бидам во главниот ждреб на турнирот. Убави спомени ме поврзуваат со Мелбурн. Еднаш го освоив, но губев и тешки мечеви во финалето. Мило ми е што ќе имам нова шанса“, изјави накратко популарната Маша. 

Шарапова сезоната ја почна со пораз во првото коло во Бризбејн. Годинашното издание на Австралија опен почнува на 20. јануари, а ќе заврши со машкото финале кое е закажано за 2. февруари.

Се вчитува...