Репрезентацијата на Србија се пласираше во финалето на тенискиот АТП Куп откако најдобриот тенисер од оваа земја, Новак Ѓоковиќ со победата над Данил Медведев од 2-1 во сетови го обезбеди клучниот поен за вкупниот тирумф на српскиот состав над Русија во полуфиналната пресметка. Во финалето, Србија ќе се соочи со подобриот од мечот меѓу Австралија и Шпанија.
За Ѓоковиќ ова беше 20-та последовна победа во дресот на националниот тим. Со триумфот тој го комплетираше српскиот успех кој претходно го почна Душан Лајовиќ со победата о 2-0 во сетови над Карен Хачанов. Србија оствари максимална победа од 3-0 во полуфиналето бидејќи во дуелот на двојки Никола Чачиќ и Виктор Троицки со 2-0 во сетови го победија рускиот тандем Константин Кравчук и Тејмураз Кабашвили.
First to the final, ?? #TeamSerbia!
Djokovic pulls out a hard-fought victory behind sterling tennis 6-1 5-7 6-4 over Medvedev to take the tie 2-0.#ATPCup | #SRBRUS pic.twitter.com/wvaukq6rQl
— ATPCup (@ATPCup) January 11, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

