Лесно и за Ѓоковиќ и за сите фаворитки на Австралија Опен

Бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ без воопшто мака се пласираше во третото коло на првиот годинашен тениски грен-слем, Австралија опен. 17-кратниот грен-слем титулар и осумкратен осовувач на турнирот во Мелбурн за само еден час и 35 минути во три сета и со само седум загубени гема го доби мечот со јапонецот Тацума Ито кој на турнирот беше во вајлд-карта. Во следната рунда, Ѓоковиќ ќе има нов јапонски предизвик, ќе се соочи со Јошихито Нишиока.

Шестиот тунирирски носител, Стефанос Циципас без борба го мина вторто коло бидејќи неговиот портивник Филип Клошрајбер поради истегнување на мускул се повеле од мечот. Циципас во третото коло ќе се соочи со Милош Раониќ.

Американската тинејџерка, Коко Гоф си закажа дуел со Наоми Осака во третата рунда од Аус Опен откако забележа победа во второт коло над Романката Сорана Кирстеа со 2-1 во сетови. Осака тирумфираше во дуелот со Сасаи Женг со 6-2 и 6-4. Пласман понатаму обезбеди и лидерката на АТП листата, Ешли Барти со победата над Полона Херцог со 2-0 во сетови. Каролине Возњаки се врати по негативата од 1-5 во првиот сет и со 7-5 и 7-5 го доби дуелот со Дајана Јастремска. Ланската финалистка, Петра Квитова  во два сета ја победи Паола Бадоса. Во третото коло пласман обезбедија и Јулија Гергес и  Софија Кенин.

 

Се вчитува...