Серена ја „прескокна“ и Зиданшек во походот кон 24. грен-слем

Серена Вилијамс успеа да ја помине и втората пречка кон освојување на рекордниот 24. грен-слем турнир во кариерата. Американката во 2. коло на Австралија опен беше сигурна против словенечката тенисерка, Тамара Зиданшек со 2-0 по сетови (6-2 и 6-3). И во двата сета искусната тенисерка правеше по два брејка, кои беа и повеќе од доволни за нова победа во Мелбурн. Во третото коло Серена ќе игра против Кинеската која денеска беше убедлива против Французинката Феро.

Денешниот ден во женска конкуренција, помина без поголеми изненадувања. Пласман понатаму обезбедија и Ешли Барти, Елина Свитолина, Каролине Возниацки, Наоми Осака и Петра Квитова, а својот натпревар треба да го одигра и Медисон Кис.

Се вчитува...