Пер ги навреди Хрватите – Ништо не слушаат со тие ватерполо капи, нека се вратат во базените

Францускиот тенисер Беноа Пер го заврши настапот на Австралија опен во второто коло, откако во маратонски меч загуби од Хрватот, Марин Чилиќ со 3-2 по сетови (6-2, 6-7, 3-6, 6-1 и 7-6). По натпреварот Французинот беше лут на хрватските навивачи, кои според него не се достојни да бидат дел од еден џентлeменски спорт, каков што е тенисот.

„Ништо не треба да слушнат со тие нивни ватерполо капи. Нека си се вратат во базените“, изјави Пер. 

 

Се вчитува...