Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ продолжи да газа на овогодинашното издание на Австралија опен, откако во 3. коло, убедливо го совлада Јапонецот, Јошихито Нишиока со максимални 3-0 (6-3, 6-2 и 6-2). Со победата над Нишиока, популарниот Ноле успеа по јубилеен педесетти пат да се најде во осминафиналето на еден грен-слем турнир.
Аргентинецот, Диего Шварцман спречи српски дуел во осминафиналето, откако во првиот меч во машка конкуренција на четвртиот ден во Мелбурн со 3-0 (6-2, 6-3 и 7-6) го совлада Душан Лајовиќ. Меѓу шеснаесетте најдобри кај мажите, пласман избори и Унгарецот, Фучович кој беше подобар од Пол од САД со максимални 3-0 (6-1, 6-1 и 6-4).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА