Новак Ѓоковиќ е во четвртфинале, заврши бајката на Коко Гоф на Австралија Опен

Бранителот на титулата, Новак Ѓоковиќ го обезбеди 11. четвртфинале во кариерата на Австралија Опен, грен-слемот на кој има седум трофеи победувајќи го во осминафиналнната пресметка Аргентинецот, Диего Шварцман со 3-0 во сетови. За Србинот ова е трета победа во меѓусебните дуели со Шварцман на грен-слем турнирите. Следен противник, за место во полуфиналето на Ѓоковиќ ќе му биде полуфиналистот од 2016 година. Милош Раонич. Канаѓанецот забележа осминафинална победа над Марин Чилиќ исто така со 3-0 во сетови.

 

 

 

 

Коко Гоф ја пропушти шансата за прво четвртфинале на грен-слем турнирите во кариерата. Младата американската тенисерка на патот до осминафиналето урна големи фаворитки, но потклекна пред сонародничката Софија Кенин. Гоф се измачи во воведниот сет и го доби во тај-брејк, но потоа тргна сензационалниот пресврт на 14.та носителка. Кенин го доби вториот сет со 6-3 и  го одведе мечот во решавачки трет сет кој сосема неочекувано и припадна со 6-0. Во четвртфиналето, Кенин ќе се соочи со тунското изненадување на турнирот Онс Џабир.

 

&

;

Во четвртфиналето е и седмата ностилка, Петра Квитова откако се врати по загубен сет во мечот со Марија Сакари. Грчката тенисерка го доби првиот сет во тај-брејк, а потоа следните два и припаднаа на Квитова со 6-3 и со 6-2. Во четвртфиналето, Квитова ќе игра со победничката од мечот меќу Ешли Барти и Алисон Риске.

 

 

 

Се вчитува...