Тим го „прескокна“ Зверев и закажа финале со Ѓоковиќ

Доминик Тим е вториот финалист на годинашното издание на Австралија опен, откако во второто полуфинале го совлада Германецот, Александар Зверев со 3-1 по сетови (3-6, 6-4, 7-6 и 7-6).

Првиот сет и покрај слабиот старт му припадна на Германецот, кој финишот го одигра на фуриозно добивајќи го со 6-3. Во вториот сет возврати Австриецот добивајќи го со 6-4 успевајќи да израмни на 1-1. Во следните два сета присуствувавме на еден неверојатен меч. И двата сета заминаа во тај-брејк, а натпреварот замина во корист на Тим бидејќи подобро играше во клучните моменти.

Ова за Тим ќе биде трето грен-слем финале, откако претходно на два пати губеше од Рафаел Надал на Ролан Гарос. Таму за противник ќе го има Србинот, Новак Ѓоковиќ кој ќе се бори за осмата титула на Австралија опен.

Се вчитува...