„Хабиб ќе прифати реванш против Конор“

Поранешниот УФЦ шампион, а сега стручен соработник на организацијата, Мајкл Биспинг откри дека Хабиб Нурмагомедов ќе прифати реванш со Конор Мекгрегор. Биспинг по разговорот со првиот човек на УФЦ, Дана Вајт откри дека Дагестанецот ќе прифати да се врати во рингот против Ирецот.

„Го прашав Дана Вајт дали Хабиб ќе ја прифати борбата со Мекгрегор? На што тој ми одговори: Хабиб ќе ја прифати борбата“, изјави Биспинг. 

Хабиб и Конор во неверојатен меч направија навистина голем хаос во кој Дагестанецот славеше по прекин во четвртата рунда.

Се вчитува...