Носителот на УФЦ титулата во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, се уште е единствениот непоразен борач во овој спорт. Следниот негов предизвик е на 18. април против Тони Фергусон, секако за него најголемиот предизвик во кариерата. Но, по тој меч фантастичниот Дагестанец најверојатно ќе има само уште една борба по што ќе стави точка на кариерата.
„Сметам дека следната година ќе биде вистинскиот момент Хабиб да ја заврши кариерата. Ќе има уште најмногу три борби – и доста е“ – вели таткото на Хабиб, Абдулманап Нурмагомедов.
Тоа значи дека Хабиб со сигурност ќе има борба со Тони Фергусон, и потоа уште една. УФЦ силно посакува нова пресметка со Конор МекГрегор, и токму таа борба може да биде и завршна во кариерата на Нурмагомедов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

