Новак Ѓоковиќ го освои и осмиот Австралија опен во својата кариера откако во финалето славеше против Австриецот Доминик Тим.
Рафаел Надал, кој во четвртфиналето, пак, беше запрен од Тим, призна дека навивал за Австриецот во финалето.
„Не сум лицемер. Секако дека за мене лично подобро ќе беше да победи Тим. Но, да бидам искрен, добро спиев последните денови и од тој аспект не ми е важно дали победи Ѓоковиќ или Доминик“ – вели Надал, кој со победата на Србинот остана без првото место на АТП листата.
Ѓоковиќ со триумфот во Австрлија, сега со 17-та Грандслем титула во кариерата, се доближи до Надал на само два Грандслем титули. Рекордер е Федерер со 20 титули.
„Новак е посебно добар на тој турнир. Во моментов е најдобар на светот, тоа јасно го кажуваат бројките. Единствено што можам е да му честитам на големиот успех“ – вели Надал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

