Австриецот Доминик Тим не е премногу загрижен што и во третиот обид во финалните натпревари не успеа да освои грен-слем. Тим во финалето на Австралија опен во пет сета загуби од Новак Ѓоковиќ.
„Енди Мари ги губеше своите први четири грен-слем финалиња. Потоа успеа да освои три титули и да биде прв на АТП листата. Ќе го земам него како некој кој треба да ми биде пример“, изјави Тим.
Тим покрај поразот од Ѓоковиќ на Австралија опен, два пати по ред губеше и од Рафаел Надал во финалните мечеви на Ролан Гарос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

