Почина млада француска сурферка

Младата сурферка Поети Норак почина во 24 година, објави француската сурферска федерација. Норак беше втора на државното првенство во 2018 година и трета во 2016. Пред неколку месеци се пресели во Австралија како би ги подобрила сурферските способности. Се уште не е позната причината за смртта на талентираната сурферка, а од француската федерација не сакаат да коментираат околу причините.

Норак почна да сурфа на шест години, а имаше забележано и десет победи во францускуиот куп.

 

Се вчитува...