Медведев: Нема да се изненадам „големата тројка“ повторно да освои се

Младиот руски тенисер Данил Медведев се надева дека некој од новата генерација ќе може да освои грен-слем во 2020 година, но додаде дека нема да се изненади доколку повторно Федерер, Надал и Ѓоковиќ повторно освојат се. Минатата година Ѓоковиќ и Надал освоија по два трофеја, а српскиот тенисер на почетокот на оваа го освои Австралија опен.

„Тешко е да се каже. Не сакам да ја предвидувам иднината, но се е можно. Надал, Федерер и Ѓоковиќ имаат толку титули по ред што нема да ме изненади и годинава да освојат се. Сите се фантастични. Квалитетот на секој удар е неверојатен, што е многу тешко“, изјави Медведев. 

Медведев минатата година на УС опен го играше првото грен-слем финале во кариерата во кое загуби од Шпанецот, Рафаел Надал.

Се вчитува...