Деонтај Вајлдер и Тајсон Фјури беа буквално пред физичка пресметка на соочувањето пред меѓусебниот меч кој ги чека во сабота.
По долги најпрво вербални навреди еден кон друг, следеа и турканици пред можност за тепачка.
„Ќе те нокаутирам со огромна леснотија“ – му се обрати Фјури на Вајлдер, кој веднаш реплицираше…
„Клошару, шмркаше кокаин кога те најдов јас. На работ беше да се самоубиеш, затоа немој мене да ми кажуваш кој си и што си“ – возврати Вајлдер.
Но, обезбедувањето брзо реагираше спречувајќи конфликт уште пред саботната борба…
Вајлдер во овој меч ќе се обиде да го одбрани насловот во ВБЦ верзијата, што досега му успеваше дури десет пати. Фјури и Вајлдер во рингот беа и во декември 2018 година кога судиите, по 12 рунди борба, прогласија нерешено.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА