Светскиот првак во ВБЦ верзијата во супертешка категорија, Деонтеј Вајлдер вечерва ќе се обиде да ја одбрани титулата во дуелот од поранешниот шампион на светот во верзиите ВБА супер, ВБО; ИБФ И во ИБО, Тајсон Фјури. Конкурентите се соочија на официјалното мерење од кое наспроти вообичаената пракса, поради тензиите меѓу боксерите немаше телевизиски пренос.
Фјури е значително потежок од противникот. Мечот во Лас Вегас го дочекува со 123,8 килограми, додека Американецот има 19,4 килограми помалку или 104,4 килограми. Ова ќе биде втор дуел меѓу Фјури и Вајлдер, претходниот во 2918 година заврши без победник по 12 рунди.
Во 43 професионални борби, Вајлдер има 42 победи, а Фјури има 29 победи и едно реми во 30 борби. Големата пресметка е закажана за 5.30 часот по средноевропско време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА