Токио е далеку за македонските боксери. Јасин Љама загуби уште на стартот од квалификацискиот турнир за настап на ЛОИ што се одржува во Лондон. Тој во првото коло загуби со технички нокаут од грчкиот боксер Александрос Цаникидис, во категоријата до 63 килограми.
Љама не успеа да издржи две рунди во рингот. Пред истекот на втората рунда, откако двапати беше во нокдаун, судијата во рингот одлучи да ја прекине борбата на Јасин Љама и го прогласи Гркот Цаникидис за победник.
Утре на рингот во Лондон ќе се појави и вториот македонски претставник, Гоце Јаневски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА