Во текот на непредвидената пауза која беше предизвикана поради пандемијата од коронавирусот, НБА кошаркарите ќе можат да се опуштат бидејќи допинг контролата нема да им затропа на врата.
Кошаркарите во нормални услови во текот на годината имаат по шест допинг контроли кои се извршуваат ненајавено. Сепак, поради новонастанатата ситуација, Асоцијацијата на кошаркари и НБА се договорија до крајот на пандемијата да не бидат извршувани контролите.
Некои НБА кошаркари неодамна јавно заговараа марихуаната да не биде веќе на листата недозволени супстанци, нешто што во НФЛ лигата веќе е прифатено.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА