Ролан Гарос го објави новиот термин за 2020 година

Ролан Гарос вообичаено е втор гранслем турнир секоја година на тенискиот календар, за 2020 беше предвидено турнирот во Париз да се игра од 24 мај до 6 јуни, но пандемијата од коронавирус ги наруши плановите на организаторите.

Како опција се наведуваше настап без публика, но на крајот беше донесена одлука овој турнир да се презакаже. Според новиот термин, Ролан Гарос ќе стартува на 20 септември, а финалето во машка конкуренција, кое вообичаено е завршен меч на турнирот, е закажано за 4 октомври.

Останува да се види како ќе се крои остатокот од тенискиот календар, со оглед на фактот дека финалето на УС Опен според првичните планови требаше да се игра на 14 септември, но се очекува и овој турнир да биде одложен.

Се вчитува...