Пандемијата од Covid-19 направи вториот годинашен тениски грен-слем Ролан Гарос да биде одложен за крајот на септември. Со ова се компликува судбината на останатите два грен-слема за 2020 година, Вимблдон и УС опен.
Британците се уште немаат став околу целата ситуација, а за разлика од нив организаторите на УС опен велат дека засега не планираат поместување на американскиот грен-слем, но дека и таа опција не е исклучена.
„Тениската асоцијација на САД (УСТА) продолжува со планот за организирање на УС опен во предвидениот термин. Но, ова се несигурни времиња и ги истражуваме сите можни опции, вклучувајќи ги и оние за мало одложување на турнирот. Во време кога светот се соочува со големи проблеми, мислам дека нема потреба ние да избрзуваме со конечната одлука“, стои во соопштението од УСТА.
Досега се откажани мастерсите во Индијан Велс, Мајами и Монте Карло, а Ролан Гарос годинава наместо на крајот на мај ќе се одржи во септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА