Македонското министерство за надворешни работи бара начин за враќање на боксерите Гоце Јанески и Јасин Љама во земјава од Лондон.
Јанески и Љама беа на олимпискиот квалификациски турнир во Лондон, но беа вратени од аеродром откако бил откажан летот за Скопје. МНР сега е максимално активно во обидот за нивно што побрзо враќање во земјава. И двајцата имаа платено хотелско сместување до 24. март, а до тогаш се очекува да реши ситуацијата околу нивното враќање.
Квалификацискиот турнир во Лондон беше прекинат превентивно, не се појавија случаи на заболени од Ковид-19, така што двајцата боксери и селекторот Хесус Сојет, засега, се безбедни.
Безбедно се врати дома, пак, македонските ракометарки кои беа заглавени на аеродромот во Копенхаген. Андреа Белеска и Стефанија Мишевски најдоа начин преку Солун да се вратат во Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА