Јанис е избран за најдобар дефанзивец во НБА (ВИДЕО)

Ѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо, ја доби наградата за најдобар дефанзивец во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата. Грчкиот интернационалец во трката за признанието ги победи двократниот по ред освојувач на наградата Руди Гобер од Јута Џез и ѕвездата на ЛА Лејкерс, Ентони Дејвис.

Јанис го предводеше Милвоки до најдобар скор во лигата втора година по ред, па затоа е и прв фаворит за одбрана на титулата најкорисен кошаркар во регуларниот дел од сезоната.

 

Се вчитува...