ТФТ немоќен и на вториот меч со Борац Чачак: Ништо од АБА лига!

Кошаркарите на ТФТ Скопје не успеаја да се изборат за мајсторка во обидот да обезбедат место во најсилната АБА лига, завршувајќи го својот сон за место во елитното регионално натпреварување, откако загубија од Борац Чачак и на вториот натпревар од баражот.

На дуелот кој се одигра во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, македонскиот тим загуби убедливо со 65-97, на тој начин завршувајќи ја оваа серија со пораз од 0-2.

Веќе по првото полувреме гостите имаа предност од 35-52, по што се беше јасно околу победникот на мечот.

ТФТ одигра квалитетна трета четвртина која заврши со 21-21, но потоа целосно доминантна последна четвртина на гостите за конечна повеќе од убедлива победа.

Гордон имаше 18 поени, додека Дејвис запиша 15 поени кај македонскиот тим.

За ТФТ сега останува домашниот шампионат. Во полуфиналето од плеј-офот за титула губи од Маџари со 0-1 во серијата.

Се вчитува...