Лос Анџелес Лејкерс по цела деценија се качија на тронот во НБА лигата. Го освоија 17. трофеј во историјата на клубот израмнувајќи се со Бостон според бројот на титули откако ја добија финалната серија со Мајами со 4-2 во победи. Четвртиот триумф го реализираа со 106-93 во натпревар во кој победникот го решија уште во воведното полувреме.
Леброн Џејмс за кого ова е четврти шампионски трофеј е избран за МВП на финалето. Со тоа тој се проби на втората позиција на вечната листа според бројот на МВП признанијата. Пред него е Мајкл Џордан со шест. Џејмс постигна 28 поени во четвртиот триумф на „лејкерс“. Ентони Дејвис за кого ова е прв шампински пехар во кариерата средбата ја заврши со 19 поени. Бам Адебајо беше одличен кај Мајами со 25 поени, Џими Батлер немаше сила за оваа средба и заврши само со 12 поени.
Ражон Рондо кој исто така придонесе со 19 поени во успехот на „лејкерс“ запиша историско постигнување. Тој е само вториот играч во историјата на НБА лигата која станал шампион и со Бостон и со ЛА Лејкерс. Со Бостон тоа му успеа во 2008 година.
Rajon Rondo joins Clyde Lovellete as the only players to win a championship with the Lakers and the Celtics (2008). Clyde Lovellette won with the Minneapolis Lakers in 1953-54 and with Boston in 1962-63 & 1963-64. pic.twitter.com/6NWQqZ9B9r
— NBA History (@NBAHistory) October 12, 2020
Леброн Џејмс и Дени Грин пак им се приклучија на Роберт Хори и на Џон Сејли како едниствените играчи во Лигата кои освоиле шампионски прстен со три различни франшизи.
LeBron James and Danny Green join John Salley and Robert Horry as the only players to win NBA championships with 3 different franchises. pic.twitter.com/qDPqPWYRw6
— NBA History (@NBAHistory) October 12, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА