ЛА Лејкерс по десет години стигнаа до шампионската титула во НБА лигата, па веќе работат на засилувањата и за следната сезона.
На Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, како трета голема ѕвезда во тимот, треба да им се приклучи Дерик Роуз кој во моментов е член на Детроит пистонс.
Како што пренесуваат дел од американските медиуми, веќе е договорена соработката меѓу Лејкерс и Дерик Роуз, кој е најмладиот МВП на регуларниот дел од сезоната во историјата на НБА.
32-годишниот кошаркар зад себе остави две тешки повреди на коленото, одигрувајќи извонредна сезона во која поранешниот член на Чикаго бележеше во просек 18,1 поен, 5,6 асистенции и 2,4 скока по натпревар докажувајќи дека се уште е во состојба да игра на високо ниво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА