Стен ван Ганди е нов тренер на Њу Орлеанс Пеликанс, пренесуваат американските медиуми. Искусниот стратег во новата сезона ќе има за задача да извлече максимум од младиот и талентиран тим на Пеликанс, кој ќе биде предводен од минатогодишниот прв пик на драфтот, Зајон Вилијамсон.
Стен ван Ганди го водеше Орландо до финалето во 2009 година кога прва ѕвезда на тимот беше Двајт Хауард, а во кариерата во НБА седеше и на клупата на Мајами Хит и Детроит Пистонс.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА