Одложениот НБА драфт на 18. ноември ќе се одржи комплетно онлајн потврди Лигата. Настанот ќе биде организиран во студијата на ЕСПН, носителот на ТВ правата за НБА лигата во Бристол, Конектикат. Играчите ќе бидат прикажувани на видео врска од нивите домови.
Драфтот требаше да биде одржан во јуни во Њујорк, но поради пандемијата на коронавирусот и пролонгираната сезона во НБА лигата беше одложен за ноември. Лотаријата за драфот се одржа во август и Минесота го доби правото да го избере пикот број еден.
Очекувањата се дека Ентони Едвардс, Ламело Бол и Џејмс Вајсман ќе бидат топ играчите на ова издание на НБА драфтот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА