Пипен е бесен: Џордан го измисли документарецот за сите да го фалат

Скоти Пипен долги години му беше „десна рака“ на Мајкл Џордан во историските успеси на Чикаго булс, но на крилниот кошаркар не му се допадна сликата што беше создадена во јавноста со документарецот „Последниот танц“.

Пипен не крие дека е разочаран од Џордан и начинот на кој легендата инсистирала да биде прикажана во текот на целиот документарен филм.

„Мислев дека идејата е да се прикаже целиот наш тим, патот кон трофеите. Нормално дека Мајкл во секој случај ќе беше во главна улога, но не очекував дека целиот документарец ќе се темели на тоа Џордан да биде глорификуван. Да знаев дека тоа ќе биде поентата, воопшто немаше да учествувам во „Последниот танц“. Ова требаше да биде осврт на успесите на Чикаго како еден од најдобрите тимови во историјата, но сите го прифатија како документарец за Мајкл Џордан. На крајот, сите говореа само за него, за начинот на кој реагирал во одредени ситуации, наместо за сето она што сите аедно го направивме. Разочаран сум, делува како Џордан да го измисли документарецот за сите да го фалат, му го кажав тоа в лице на Мајкл кога последен пат се сретнавме“, истакна Пипен.

Се вчитува...