Новата сезона во НБА лигата е на повидок, а во неа ќе видиме и неколку суперѕвездите кои поради повреди веќе подолго време се надвор од паркетите.
Убедливо најзвучното дуо се Кевин Дурент и Кајри Ирвинг кои за прв пат заедно ќе настапат на паркетот во дресот на Бруклин. Поранешниот најкорисен играч на лигата, Дурент се враќа од повреда на ахиловата пета, заедно со шампионот од 2016 година, Ирвинг, кој поради повредата на рамото одигра само 20 дуели изминатата сезона.
Џон Вол и Демаркус Казанс. Петкратниот Ол-стар бек последниот натпревар го доигра во 2018 година, а речиси две години е надвор од конкуренција поради повреда на двете нозе. Во трансфер периодот премина во редовите на Хјустон па сега заедно со Џејмс Харден и Демаркус Казнас ќе се обидат да стигнат до титула. Сличен пат помина и центарот кој по години наназад се мачеше со постојани повреди и не успеа да фати ритам, но оваа сезона повторно ќе заигра со својот соиграч од колеџ деновите.
Стеф Кари е еден од најдобрите играчи во НБА лигата. Одличниот шутер одигра само пет дуели претходната сезона по што мораше да мирува поради скршеница на левата рака. Во следната сезона ќе настапи без Клеј Томпсон, но и покрај тоа се очекува Голден Стејт да биде далеку поконкурентен од сезоната 2019/20.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

