Легендарниот кошаркар, Пау Гасол работи напорно и се надева дека ќе добие нов договор во НБА и на тој начин ќе може да се подготви за настапот со селекцијата на Шпанија на Олимписките игри во Токио во 2021 година, изјави шесткратниот Ол-стар за американскиот „ЕСПН“.
„Имам историски моменти во Лејкерс и мислам дека моето доаѓање во тој тим ќе биде од голема значајност. Нема да лажам, би било посебно ако можам да играм за овој тим, особено што Марк е сега тука. Сепак, не сум во позиција да бидам пребирлив, немам десет понуди на маса “, рече Пау Гасол, кој последен пат играше НБА натпревар во март 2019 година, и оттогаш има две операции на стапалото.
Во својата клупска кариера Гасол играше за Барселона, Мемфис, Лејкерс, Чикаго, Сан Антонио и Милвоки, а круна на неговата кариера се двете титули кои ги постигна со златно-виолетовата екипа во 2009 и 2010 година.
„Сакам да дадам свој придонес во Лејкерс, да бидам корисен за тимот. Не сакам да сум обичен играч кој ќе седи на клупа. Тоа не сум јас. Сакам да уживам во играњето на теренот “, изјави славниот шпански кошаркар.
Пау Гасол има 40 години, важи за еден од најголемите европски кошаркари на сите времиња, а играјќи за „Црвената фурија“ освои 11 медали на големи меѓународни натпреварувања (ЕП, СП, Олимпијада).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

