Работнички, најголемиот расадник на македонски фудбалски таленти во последната декада, сервира пред македонскиот фудбал ново златно момче во името на Лука Станковски.
Завршувајќи ја полусезоната во стилот во кој ја и одигра, 18-годишниот Лука е единствениот „виновник“ и за денешната победа на „романтичарите“ против Борец од 2-1. Со двата погодоци донесе три бода за Работнички, уште еднаш насочувајќи го комплетното внимание на фудбалската јавност кон себе. И, не само на онаа домашната, туку веќе се поинтезивно и на онаа европската.
Веќе е најавен интересот на неколку европски гиганти од Холандија, Германија и Италија за Станковски, иако „романтичарите“ потенцираат дека не планираат негово ослободување до крајот на сезоната… A, зад Лука Станковски ќе останат забележани 14 настапи во дресот на Работнички во првиот дел од сезоната, заокружени и со седум погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА