ФОТО: Дефиниција за ЕКИПА – Дански „жив ѕид“ за заштита на „паднатиот другар“

Цела фудбалска Европа остана во шок кога Кристијан Ериксен падна како покосен крај аут-линијата по еден аут на данскиот состав на дуелот со Финска.

Веднаш беше очигледно дека ситуацијата е крајно сериозна, а тука мора да се истакне фантастичната улога на капитенот Симон Кјаер. Асот на Милан најпрвин спречи Ериксен да го голтне јазик, му ја намести положбата на телото уште пред да пристигнат лекарите, а потоа собра сили и да ја теши неговата сопруга кога „црното сценарио“ делуваше многу реално.

Она што Кјаер и неговите репрезентативни колеги го сторија е дефиниција за ЕКИПА, собраа сили кога им беше најтешко, застанаа еден крај друг и формираа „жив ѕид“ пред камерите и фото-објективите, спречувајќи траорните сцени да стигнат до пошироката јавност.

Затоа, Данците заслужуваат апсолутен респект за однесувањето во најтешките моменти. Нема сомнеж дека шокот што го доживеаја придонесе да минат и подобро на резултатски план, па наместо заслужената победа претрпеа минимален пораз од аутсајдерот во групата.

Сепак, денеска во фудбалска Европа овој резултат беше најмалку важен, бидејќи триумфот во животната битка на Кристијан Ериксен ги надминува сите бодови, пласмани и успеси на фудбалскиот терен.

Се вчитува...