Кристијан Ериксен разговарал со своите репрезентативни колеги и побарал од нив да го доиграат натпреварот, бидејќи се чувствува подобро.
Директорот на данската репрезентација, Петер Мелер, во интервју пред продолжението на средбата обелодени дека одлуката била донесена токму по тој разговор на „Фејстајм“, кога Ериксен побарал од Данците да „играат за него“.
Откако виделе дека неговата состојба е стабилна, фудбалерите на Данска самите инсистирале мечот да биде доигран денеска, за да ја исполнат желбата на асот на Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА