Докторот на данската репрезентација, Мартин Боесен, беше меѓу првите кои пристигнаа на теренот за да му укажат помош на Кристијан Ериксен, воедно и еден од најзаслужните што плејмејкерот на Интер ја доби најважната битка.
Во изјава по мечот Боесен откри дека срцевиот удар на Ериксен следел најмалку една минута по неговиот пад на теренот.
„Бевме повикани да влеземе, не видов што се случи во прв момент, но кога се приближивме стана јасно што е проблемот. Кога му пријдов тој лежеше на страна и дишеше. За жал, многу брзо потоа сликата се промени и почна хаосот. Го стартувавме процесот за реанимација на срцето и за среќа успеавме во она што го правевме. Морам да потенцирам, имавме фантастична помош од докторот на стадионот и од останатите медицински лица. Успеавме да го вратиме Ериксен, тоа е најважно, знаев дека ќе биде добро бидејќи ми кажа неколку збора пред да го одведат во болница“, изјави Боесен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА