Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен синоќа ја имаше првата изјава по страшните сцени на дуелот помеѓу Данска и Финска на Европското првенство. Тој се огласи од болницата во Копенхаген преку својот својот агент.
Ериксен упати благодарност за големата поддршка што ја доби од целиот свет за време на овој тежок момент низ кој поминува тој и неговата фамилија.
„Ви благодарам на сите, јас нема да се предадам. Сега се чувствувам подобро, но би сакал да знам што ми се случи. Сакам да ви се заблагодарам на сите за тоа што го направивте за мене“, рекол Ериксен.
Фудбалерот на Интер се струполи на теренот во 40-тата минута, најверојатно како последица на срцев удар. Загуби пулс, а докторите по неколкуминутна интервенција успеаја да го вратат во живот. Иако натпреварот по овој немил настан беше прекинат, сепак, дуелот меѓу Данска и Финска се доигра по еден час, а Финците победија со минимални 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА