Данците и Белгијците ќе се обединат во 10. минута, топката во аут за аплаузи за Кристијан Ериксен

Репрезентациите на Данска и Белгија ќе се сретнат попладнево со почеток во 18 часот во Копенхаген, а фокусот ќе биде на Кристијан Ериксен, кој успеа да ја добие битката за својот живот откако неговото срце застана за момент за време на мечот со Финците.

Белгискиот фудбалер Ромелу Лукаку, инаку соиграч на Ериксон од Интер, објави дека неговата репрезентација ќе ја исфрли топката во 10-та минута, на мечот против Данска, со цел да упатат поддршка до Кристијан Ериксен и целиот стадион да аплаудира во чест на „десетката“ на домашнта репрезентција.

Лукаку истакна дека и двата тима планираат да ја прекинат играта во тие моменти со цел да им се придружат на навивачите.

Кристијан Ериксен се уште е во болницата во Копенхаген откако доживеа срцев удар на мечот од првото коло против Финска.

Се вчитува...