Кјаер: Се уште сме во шок, но ќе излеземе на терен и ќе играме за Ериксен

Поминаа неверојатни и посебни денови, моменти кога разбравме дека фудбалот не беше најважната работа во светот. Европското првенство во фудбал за момент запре и сите беа во шок, а тие страотни сцени засекогаш ќе бидат дел од сеќавањата на херојот – Симон Кјаер, човекот кој прв успеа да дојде до Кристијан Ериксен и да го спаси од сигурна смрт!

Во пресрет на денешниот натпревар на Данска против Белгија, капитенот на данците зборуваше за целиот настан кој го предизвика вниманието на фудбалската светска јавност, па потенцираше дека единственото нешто што навистина е важно е тоа дека Кристијан Ериксен ја доби најголемата битка и сега е надвор од животна опасност.

„Горд сум на мојот тим, успеавме заеднички и сплотено да издрижиме во овие тешки моменти. Јас сум трогнат и многу сум благодарен за целата поддршка која пристигна од сите страни на светот. Се уште сме во шок, но денеска ќе се појавиме на теренот против Белгија со Кристијан во срцето и умот. Ќе играме за Кристијан и Данска, ова ќе биде најголемата мотивација вечерва за нас …“, заклучи Кјаер.

Репрезентацијата на Данска денес ја очекува дуел против силната Белгија, натпревар закажан за 18 часот.

Се вчитува...