Прославениот фудбалер Диего Марадона почина на крајот на минатата година. Истрагата за смртта на легендарниот фудбалер сè уште трае, а како одминува времето, се чини дека целата позадина од оваа сторија се повеќе се разоткрива.
Адвокат кој го застапува синот на Марадона, Марио Бодри, побара од државниот обвинител на Сан Исидро итно да уапси четири лица поради смртта на „Ел Пибе“. Бодри ги обвини д-р Леополд Лук, психијатарот Агустина Косашов, психологот Карлос Дијаз и д-р Ненси Форлини за убиство.
„Очигледно е дека Марадона најпрво беше лишен од целиот свој имот, неговите брендови, па дури и од името, а потоа беше оставен сам на себе. Беа назначени професионалци кои немале искуство и знаење да го лекуваат него, па тие единствено се залагаа да го спречат да се обрати до семејството за помош. Овие луѓе му дадоа легални и нелегални лекови за да го влошат неговото здравје, обидувајќи се да предизвикаат смрт која ќе изгледа природно. Кога Марадона почина, единственото нешто што имаше вредност беа неговите права на имиџ и трговската марка што повеќе ги немаше или не можеше да им ги пренесе на своите наследници. Тие права беа во име на компанијата составена од овие луѓе кои мораа да се грижат за него, но тие не го сторија тоа“, рече Бодри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА