Челси стигна до вториот трофеј во Суперкупот на Европа откако славеше над Вилјареал по избедбата на пенали. Херојот со „сините“ беше Кепа Аризабалага кој влезе од клупата во 119 минута од мечот и со два одбранети пенали донесе победа за својот тим.
По натпреварот тренерот на Челси, Томас Тухел говореше на одлуката да го промени голманот за клучниот дел од мечот.
„Одлуката не беше спонтана. Разговаравме за тоа со нашите голмани. Бевме добро подготвени и знаевме дека статистички Кепа е подобар кога станува збор за пенали. Аналитичарите ми покажаа податоци и тогаш разговаравме со нашите играчи. Фантастично беше како Еду го прифати тоа. Моравме да го направиме тоа што е најдобро за тимот и среќен сум што тој потег се оствари како победнички“, изјави германскиот стратег.
Првиот човек на Челси се осврна и кон натпреварот и поведата на стрелецот на единствениот гол на „сините“ на мечот, Хаким Зијеш.
„Беше тешко. Игравме во високо темпо во првите триесет минути, а паднавме во ритамот после дадениот гол. Заслужија изедначување, но ние вложивме повеќе во нас до 120 минута и ја заслуживме оваа победа. Поведата на Зијеш е сериозна. Така е секогаш кога ќе изгубите играч во првото полувреме“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА