За Мауро Икарди и Ванда Нара нема мир. Откако аргентинскиот пар едвај го спаси бракот по сапуницата со атрактивната актерка Мариа Суарез, аргентинските медиуми соопштуваат дека фудбалерот на ПСЖ го отпуштил својот телохранител кој е вљубен во Ванда.
Агустин Лонгеира кој зад себе има воено искуство не ја крие љубовта, а за тоа говорат неговите коментари на социјалните мрежи каде на прашања за Ванда говори со суперлативи.
„Каква е Ванда? – Генијална; Дали сакаш да легнеш со Ванда? – Кој не би сакал; Што чувствуваш за Ванда? – Многу љубов; Дали би започнам љубовна врска со мажена жена? – Да“, се само дел од одговорите на Лонгеира.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА