Хансен ја предводи листата на најплатените ракометари во светот

Како и секоја година за време на големото ракометно натпреварување, порталот „Totalsport“ објави ажурирана листа на најплатените ракометари во светот. На листата нема македонски ракометар, а од балканските земји меѓу најплатените ракометари се најдоа Хрватите Домагој Дувњак (Кил) и Лука Циндриќ (Барселона).

Капитенот на хрватската репрезентација го држи 4-тото место со годишна плата од 800.000 евра, а Циндриќ е шести со 700.000 евра примања годишно. Највисока годишна плата има данскиот ракометар Микел Хансен кој во ПСЖ заработува 1,5 милиони евра годишно, пред неговиот соиграч Никола Карабатиќ кој има точно 1 милион евра годишно. Тоа е крајот на списокот на ракометари кои заработуваат милион или повеќе евра годишно.

Следи данскиот ветеран Ханс Линдберг, кој во Фихсе Берлин заработува 850.000 евра годишно, четврти е претходно споменатиот Дувњак, петти е Кристијан Бјернсен од Алборг, кој заработува исто колку и Лука Циндриќ.

Никлас Ландин од Кил заработува 650.000 евра годишно, а со 500.000 евра годишно се Алеиш Гомес од Барселона и Арон Палмарсон од Алборг. Последното место во топ 10 му припадна на Аитор Арињи од Барселона со годишна плата од 475.000 евра.

 

Се вчитува...