Давид Дејвис немаше многу причина за задоволство по денешниот дуел меѓу Вардар и Нексе, на кој шпанскиот стратег со пораз дебитираше на клупата на „црвено-црните“.
Бројните грешки во нападот, надополнети со несигурноста во првото полувреме во одбраната беа причина за неуспехот, јасен знак дека Дејвис го чека многу работа за да создаде победнички тим.
„Генерално гледано сум задоволен, секако дека ќе бев посреќен ако победевме, но што е тука е… Има уште многу работа, трениравме во изминатиот период, но дел од ракометарите подоцна се приклучија поради обврски кон репрезентациите. Сите бевме нервозни бидејќи е прв меч, јасно е дека ќе мора да промениме многу работи“, истакна Дејвис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА